Бучковски: Прес конференцијата на рускиот амбасадор беше под секое ниво

 

Поранешниот премиер на Македонија, Владо Бучковски на вечерашното гостување во телевизија Телма оцени дека во судирот меѓу САД и Русија, Македонија морала да заземе страна.

-Во овој голем судир меѓу двете велесили, малите држави како Македонија немаат многу простор да бидат неутрални. Овој потег беше единствено логично решение, имајќи предвид дека преговорите со Грција се интензивираат, а Македонија цели кон ЕУ и НАТО. Денеска прес конфереција на рускиот амбасадор не е соодветна за велесила како Русија, беше под секое ниво и беше непристојна кон земјата домаќин, рече Бучковски.

 

 

 

29.03.2018 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега