Хан: Граѓаните го заслужија ова, Македонија е цврсто назад на патот кон ЕУ

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска на прес-конференција изјави дека е среќен што е во Скопје и не би сакал да ја сокрие личната среќа.

- Да уживаме во моментот и обврската да се продолжи она што беше започнато. Ова е пат кон Еу, но мислам дека е добар пат. Останува уште многу да се направи. И честитам на Владата и опозицијата бидеќи беа сериозни за оваа национална цел, вели Хан.

Граѓаните на Македонија ја заслужија оваа препорака, додава Хан.

- Земјата помина долг пат и покрај тешките околности и сте цврсто назад на европскиот пат, вели Хан и додава дека има позитивна промена.

Тој лично му го предаде извештајот на Заев.

 

 

 

 

18.04.2018 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега