Пожар во кавадаречко

Пожар избувна денеска во месноста Белград, кавадаречко. Пожарот попладнево е ставен под контрола, но се следи состојбата со цел да не се појави нови жариште. 

Од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, за МИА изјавија дека пламените јазици зафатиле нискостеблеста шума и трева. Во гаснењето учествуваат едно противпожарно возило и четворица пожарникари. 

 

 

 

03.06.2018 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега