Дваесет и шестгодишно момче почина играјќи фудбал во Кисела Вода
Дваесет и шестгодишно момче почина играјќи фудбал во скопската населба Кисела Вода. Како што дознава „Макфакс“, за време на играта тој се пожалил дека не се чувсвува добро, по што паднал на земја.
Во близина на настанот имало лекар, кој веднаш притрчал и му прижил прва помош на момчето, кое не покажувало знаци на живот.
Веднаш била повикана Брза помош, лекарите се обиделе да му помогнат со реанимација, но биле безуспешни сите обиди, по што била констатирана неговата смрт.
06.06.2018 - 21:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа