Пожар во скопско Инџиково

Во Единицата за информации и команда Скопје, вчера во 13:45 часот, 64-годишниот Д.Ф. од село Инџиково, скопско, пријавил дека истиот ден околу 13:20 часот, најверојатно  од страна на непознат сторител бил предизвикан пожар на  околу 1500 бали детелина и слама во дворното место од неговата куќа во село Инџиково. Пожарот се проширил и на другата локација каде била опожарена слама. Повредени лица нема, а причинета е материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

09.08.2018 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега