Нова фабрика ќе се гради во ТИРЗ Струга

 

Американската компанија „Reci&Sons Enterprise“ денеска почна со изградба на производствениот капацитет во ТИРЗ - Струга. Инвестицијата се проценува на околу три милиони евра, а се состои од истражувачка лабораторија и капацитети за производство на средства за лична хигиена. Објектот ќе биде на површина од 2500 метри квадратни, а се очекува да се отворат околу 250 работни места. Инвестицијата е на иселеник од Македонија во Америка.

На отпочнувањето на проектот покрај инсветиторот, Арбнор Речи, присуствуваа и вицепремиерот Кочо Анѓушев, министрите за економија и за странски инвестиции Крешник Бектеши и Зорица Апостолска, директорот на ДТИРЗ Алксандар Младеновски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и градоначалниците на општините Струга и Охрид Рамиз Мерко и Јован Стојановски.

Инвестицијата, според Анѓушев, ова е само една од фабриките што почнуваат да се градат.

– Само последниот период скоро секоја недела почнувавме со градба на по една фабрика. Тоа е најдобриот одговор дека мерките што Владата ги предвиде преку Законот за финансиска поддршка на индустријата и инвестициите вродува со плод, рече Анѓушев.

Дека владините мерки даваат резултати, како што нагласи, покажуваат и денешните резултати на Заводот за статистика дека бруто домашниот производ во вториот квартал во 2018 година во споредба со истиот период лани има пораст од 3,1 процент.

- Тоа значи дека мерките полека даваат резултат и дека државата од бројки како -1,2, - 1,7 преку 0,1 минатиот квартал полека ја носиме во позитива од 3,1 и економијата ја доведуваме во ред. Ќе бидеме посветени да правиме проекти што ќе имаат бенефит за граѓаните во инфраструктурата и градење фабрики, истакна заменик претседателот на Владата.

За него посебно е значаен индустрискиот раст, кој спредбено јули 2017 и јули 2018 година бележи раст од 8, 4 отсто. Најави дека денеска на Влада поминал и анекс на договорот за интензивирање на работите на автопатот Кичево – Охрид, што ќе придонесе за раст во градежништвото.

 

 

 

06.09.2018- 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега