Роботите до 2025 година ќе извршуваат повеќе работи од самите луѓе

Најдоцна до 2025 година, роботите ќе извршуваат 52 проценти од постоечките работи, речиси двојно повеќе од денес, објави денеска Светскиот економски форум (СЕФ).

Истражувањето е засновано на анкета во која биле вклучени директори за персонал и други високо рангирани лидери на голем број компании од целиот свет, со глобален удел на БДП од 70 проценти.

Според нивната проценка, „машините до 2025 година ќе извршуваат повеќе од половина од постојните задачи на работното место, а денес се 29 проценти”, се вели во извештајот на СЕФ „Иднината на работните места 2018″, објавен денеска.

Паралелно, луѓето би можеле да добијат „нови улоги”, кои ќе бараат преквалификација за да продолжат со „сеизмички промени” во работата со машините и компјутерските програми, проценуваат СЕФ.

 

 

 

 

17.090.2018-11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега