Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против промена на Уставот

Со десет гласа „за“, седум „против“ и без воздржани Комисијата за уставни прашања во Собранието на Република Македонија по дводневна расправа го усвои предлогот на Владата за пристапување кон измени на Уставот.

 

Беа донесени заклучоци за пристапување кон уставни измени и Владата во рок од 15 дена да изготви нацрт-аманадмани и да ги достави до Парламентот.

 

Отатко заврши претресот по предлогот, Талат Џафери објасни дека за да се пристапи кон изменување на Уставот на седницата која треба да се одржи в понеделник ќе биде неопходно двотретинскло мнозинство на гласови

Ако се има предвид дека денеска, сите пратеници на опозицијата кои се членови на оваа комисија гласаа против, речи си извесно е дека и во понеделник, на седницата на која е потребно двотретинско мнозинство, опозицијата нема да ја даде својата поддршка, со што постапката ќе мора да запре и да продолжи тогаш кога за тоа ќе се создадат услови.

Во ВМРО-ДПМНЕ и денеска не криеја дека поддршка за промена на Уставот нема да има и дека партијата засилено се подготвува за избори.

Таму за половина час почнува седница на Извршниот комитет, на која како што најави лидерот Мицкоски, ќе се заокружат подготовки за претстојните предремени парламентарни избори

 

 

 

12.10.2018 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега