Мицкоски: Ако можеа Столтенберг и Могерини зошто не и јас
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи за Дојче Веле откако собранискиот спикер Талат Џафери вчера му го одби барањето да зборува од говорницата во законодавниот дом за уставните измени согласно со преспанскиот договор.
- Бидете трпеливи, денес-утре ќе го слушнете „забранетиот говор“ и сето она што сакам да и го соопштам на јавноста како моја порака. Јас знам дека во парламентот досега биле дозволени обраќања на многу личности кои не биле пратеници. Во изминатиот период се обрати Могерини, се обрати Столтенберг... Ако можеа странски претставници да се обратат, не разбирам зошто не може да се обрати и лидерот на најголемата опозициска партија? Во доцните деведесетти се обратија и студентите, и имаме многу други примери во минатото. A само еден ден претходно од премиерот чувме пораки за помирување, простување“, рече Мицкоски на едно од прашањата.
Се огласи и за понудата за помирување.
- Обвинетите се невини жртви на политички прогон од страна на Зоран Заев и СДСМ. Заев во неговиот говор имаше можност ним и на нивните семејства јавно да им се извини за сѐ што претрпеа тие во изминатата година, но тој одлучи во негов манипулативен стил да условува, поддржете го Договорот со Грција и потоа ќе има амнестија. Срамота“, вели тој.
Целото интервју на Дојче веле.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа