Бран од Сахара над Македонија: Температури до 30 степени на почетокот на ноември

До средината на идната недела ќе уживаме во температури кои повеќе наликуваат како да доаѓа летото, а не зимата.
На крајот од октомври и на почетокот од ноември во одредени места низ Македонија ќе се регистрираат и температури до 30 степени, а утринските ретко ќе се спуштаат под 10. Атмосферата ќе биде исполнета со прашина и со песок од Сахара, и токму ова ќе услови и невообичаено високи температури на воздухот
Ваквото време ќе се задржи се до средината на наредната недела кога се очекува студен бран кој ќе донесе значително заладување и дневни температури не повисоки од 15 степени.
За утре метеоролозите предупредуваат за можност за невреме проследено со дожд и силни електрични празнења.

 

 

 

29.10.2018 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега