Аљими за 27. април: Не ме интересира дали ќе има амнестија, јас делував по наредба

Абдулфета Аљими, обвинет за настаните во Собранието на 27. април минатата година, на паузата од денешното рочиште изјави дека не го интересира дали ќе има амнестија за сите обвинети за случајот ,, бидејќи, како што вели, тој не е виновен за случувањата во законодавниот дом таа вечер, затоа што делувал по наредба на началникот, Горан Ѓошевски, кој исто така е на обвинителната клупа за овој случај заедно со уште 30 лица.

„Не ме нтересира дали ќе има амнестија или не, знам дека не сум виновен. Бев на службена должност, јас сум полицаец и делував по наредба на началникот“, рече Аљими од обезбедувањето на Собранието.

 Со прегледување видео снимки од безбедносни камери денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

 

 

 

29.10.2018 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега