Куманово: Малолетник удрен со тврд предмет додека шетал со другарите
Малолетно момче било погодено со тврд предмет додека шетало со пријателите. Според информации на МВР, вчера во 06:45 час во СВР-Куманово 42-годишниот Ч.С. од Куманово пријавил дека истиот ден околу 04:30 часот на улицата „Гоце Делчев“ неговиот 17- годишен син, кој бил заедно со неговите другари, од страна на непознато лице бил удрен со тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
02.01.2019 - 16:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа