Трагедија за празниците во Скопје: Многу повредени и еден загинат

 Едно лице загинало во една од вкупно 29 сообраќaјки за време на празниците. Четири лица се здобиле со тешки телесни повреди во четири сообраќајки, од кои една е железничка несреќа, во десет сообраќајки полесно биле повредени 18 лица, а во 14 била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека за време на празниците сообраќајната полиција санкционирала 61 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 15 возачи поминале на крстосница на црвено светло, 12 возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 12 возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата, четворица возачи за не носење појас и 12 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило.

Од сообраќај биле исклучени вкупно 26 возачи, од кои седум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 16 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници, како и 19 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 44 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 16 возила.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2019 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега