Скопјанец заврши во болница: На сила го ставиле во кола, па го однеле на Камник и го претепале

Вчера во 12 часот и 34 минути од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен 30- годишниот И.А од село Арачиново, кој пријавил дека бил физички нападнат од лицата О.Н. и Х.Н..

Според пријавата, во населба Ченто тие насилно го ставиле во возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки и го однеле во близина на стрелиштето „Камник“, каде физички го нападнале.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега