Скопје: Украл возило од таксист па направил сообраќајка

Вчера 45 минути по полноќ на улицата Боца Иваново во Скопје е извршено разбојништво врз 52-годишниот З.Д: од Скопје.

На скопјанецот му било одземено возило марка „Киа“ со скопски регистерски таблички откако непознато лице се качило во такси возилото, седнало на совозачкото седиште и при  движење по  улицата во еден момент упатувајќи му вербални закани, побарало  од таксистот да излезе од возилото.

Откако З.Д. исплашен за својот живот излегол од возилото, лицето со возилото го  напуштило  местото и се упатило во непознат правец.

Потоа, во  01 часот и 40 минути на истата улица на околу 50 метри од крстосницата која води кон рудник „Бањани“, се случила сообраќајна незгода во која горенаведеното возило управувано од страна на 29-годишниот М.Б. од Скопје, излетало од патот. 

најчитано сега