СДСМ: Граѓаните нема да дозволат нов Иванов

Гордана Сиљановска не само што е залутана во политиката, туку и нејзиното делување е спротивно на интересите на државата и граѓаните, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека Сиљановска брани криминал и криминалци и не осудува насилство исто како и Христијан Мицкоски и Никола Груевски.

„Кандидатката на Мицкоски лажеше дека е натпартиски кандидат, лажеше дека нема да го признае уставното име, лажеше дека е за правда а брани криминалци

Граѓаните нема да дозволат кандидати залутани во политиката да застанат на чело на државата. Граѓаните нема да дозволат нов Иванов, нов партиски послушник кој ќе работи спротивно на државните интереси. Граѓаните ќе изберат вистински претседател кој ќе ги брани нивните интереси, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на државата“ велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2019 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега