Спасовски во Пробиштип: Го вративме кредибилитетот на државата ширум светот

Ги реализираме заложбите на сите граѓани од осамостојувањето, нашата држава да биде делод најмоќните сојузи ЕУ и НАТО, истакна вчера Оливер Спасовски на граѓанска трибина во Пробиштип.

Успешните евроинтеграциски процеси и помирувањето со соседите обезбедија поддршка и мотив да продолжиме напред. Нашите соседи од држави со кои бевме во конфликт сега се наши промотори и поддршка. Го вративме кредибилитетот на државата ширум светот. Чекориме напред кон европска иднина, подобар животен стандард за сите – порача Спасовски.

Спасовски ја потенцираше и важноста на претстојните претседателски избори.

– Опозицијата нема став, нема концепт нуди изолација и враќање во темното минато, но граѓаните нема да го дозволат тоа. Граѓаните се цврсто определни да продолжат напред кон стабилност, сигурност и економски напредок и затоа, Стево и неговиот концепт се единствениот избор со кој државата може да продолжи напред. На овие избори да продолжиме заедно напред кон вистинскиот пат, повика Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2019 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега