Се искршија три возила - Страшна несреќа во Скопје
Во 10:15 часот во Скопје на булеварот „К.Глигоров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот В.Т. од Скопје , мопед „Вангие“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 38-годишниот З.К. од Скопје и патничко моторно возило ,,Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 75-годишниот Љ.Х.М. од Скопје.
По незгодата возачот на мопедот З.К. бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид на местото на несреќата.
26.04.2019 - 14:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа