Страшна несреќа: Камион прегази жена во Скопје
Во 07.50 часот на крстосницата од улицата „Скоевска“ и улицата „Радишанска“ во Скопје, товарно возило „Фолксваген Ап“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот В.С.Б. од Скопје, удрило во пешак.
Се работи за 83-годишната Н.К. од Скопје, информираат денеска од МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.К. и со истото возило била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
08.05.2019 - 10:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа