Страшна сообраќајка: Возило се превртело кај Радишани, возачот починал на лице место

Рано утринава во 03 часот и 40 минути на обиколницата Скопје, во правец од Тетово кон Велес, во близина на клучка Радишани, патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(40) од Скопје, изгубило контрола и се превртело.

Притоа, возачот починал на местото, додека едниот сопатник Б.Н.(42) се здобил со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош, а другиот сопатник А.С.(29) се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во  Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега