Изгубил контрола на коловозот - Скопјанец тешко повреден
Велосипедист од Скопје е тешко повреден и итно пренесен на Клиника откако изгубил контрола и паднал на коловозот.
МВР информира дека во 13.10 часот на крстосница од улиците „Никола Карев“ и „Симеон Кавракиров“ во Скопје, 35-годишниот С.С. од Скопје, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.
05.10.2019 - 11:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа