Николовски: На 12 април добиваме чист мандат за да ги продолжиме политиките

11 години оваа држава одеше назад за време на владеето на ВМРО-ДПМНЕ, се случуваа процеси за кои во сите меѓународни извештаи беше потенцирано дека нема слобода, нема на говор и слобода на медиуми, дека уназадуваме демократски и економски и дека не одиме напред. Целиот свет беше загрижен за иднината на нашата држава. Но чест ми е што 11 години заедно со вас се боревме и ја ослободивме државата. порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на вчерашната трибина „На прав пат“ во Крива Паланка.

- Денеска нашата татковина е светол пример во регионот. Денес напредуваме на сите ранг листи и сме меѓу првите во регионот. И во економски слободи и во човекови права и во износ на инвестиции, во сите параметри сме меѓу првите во регионот. На прав пат сме и ќе продолжиме на прав пат. Денеска ја праќаме пораката дека на 12 април добиваме чист мандат за да ги продолжиме политиките што се во интерес на граѓаните, заклучи Николовски.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2019 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега