Мицкоски: Одиме на победа која ќе значи обнова на Македонија

Со задоволство учествував на седницата на Извршниот Комитет на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, при што им го честитав приемот и членството во организацијата на жени при семејството на Европската народна партија. Ова го напиша вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

- Тоа е значаен успех и потврда за нашата европска заложба и признание за нашиот допринос во афирмирањето на женските права. Доаѓа време кога жените, целосно уважувајќи ја нивната улога и права, го креваат гласот против неправдите на овој трул систем, барајќи го заслуженото. Ќе се избориме за нашата заедничка иднина, а жените се значаен столб во таа наша борба. Со Унијата на жени и останатите структури одиме до самиот крај, одиме на победа, а победата ќе значи обнова на Македонија!, напиша Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2019 - 20:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега