Мисајловски до Зекири: Вашата коалиција почна да доаѓа во ВМРО-ДПМНЕ

Во 24 анализа на телевизија 24 дебатираа потпретседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Мухамед Зекири и Владо Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мисајловски, му укажа на Зекири на фактот дека коалицијата на СДСМ се распаѓа.

-Во вашата коалиција не ви кажуваат многу зошто почнаа да доаѓаат кај нас, изгледа не знаете многу ако сте потпретседател. Изгледа не ви ја бива коалицијата или пак гледааат луѓето дека тонете. Во ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат сите политички партии и со сите политички партии имаме контакт, му се обрати Мисајловски на Зекири.

Мисајловски го праша и за неисполнетите ветувања на граѓаните, особено за оние ветувања за 300 пилоти во Арачиново.

Потретседателот на СДСМ со неиздржани аргументи и напади го нападна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека опозицијата е смешна за такви изјави, но паралелно ја прикажа смешна токму неговата партија која им ветила вработување на 300 пилоти во Арачиново и со тоа ги доведе граѓаните во заблуда и лажни очекувања.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2019 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега