Најчевска: Скопје е монструм, Скопје е нехумано место за живеење и за развој на децата

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил напиша решенија, кои според неа ќе го решат проблемот со загадувањето во Скопје и градот ќе стане поубаво место за живеење.

„Да престане да се гради во Скопје.

Да се даде забрана за зголемување на бројот на жители на Скопје.
Да се дадат сите можни привилегии за секој кој живее надвор од Скопје а доаѓа да работи или студира во Скопје.
Да се инвестира во општините надвор од Скопје и да се направат посакувано место за живеење.
Да се инвестира во железница која би ги поврзала сите населени места од Македонија за поголема мобилност на населението независно од возраста.
Скопје е монструм. Скопје е нехумано место за живеење и за развој на децата, нехумано место за живеење на старите и секој ден станува се помонструзно место за живеење на било кое човечко суштетсво“, напиша Најчевска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2019 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега