Регулторна пред одлука - од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Со последната промена минатиот понеделник, имавме поевтинување на цените на бензините и дизелот, за 0,50 односно 1 денар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намали за 0,50 денари и изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 1,00 денар, со што малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/литар.
Останува да видиме напладне дали не очекува уште едно намалување на цените.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа