Пратениците и денеска ќе расправаат за Буџетот

Пратениците денеска со полни раце работа. Седници ќе одржат комисиите за здравство, за финансирање и буџет, за економски прашања, за транспорт врски и екологија и Законодавно праваната комисија.

На седницата на Комисијата за здравство се предлог законите за изменување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, на Законот за земање и пресадување делови на човечкото тело заради лекување, на Законот за прекинување на бременоста и на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, додека Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи расправата  по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход во прво читање, Предлог завршнатa сметка на Буџетот на Република Македонија за 2012 година, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи.

На дневен ред на Комисијата за транспорт врски и екологија се и Предлог законот за дополнување на Законот за генетски модифицирани организми, Предлог  законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата, Предлог законот за изменување на Законот за заштита од бучава во животната средина, Предлог законот за изменување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори..., сите во прво читање.

Комисијата за економски прашања ќе разгледа повеќе предлог закони, за изменување и дополнување на Законот за Државниот пазарен инспекторат, за изменување и дополнување на Законот за енергетика, за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција, за изменување и дополнување на Законот за стечај, за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност, за изменување на Законот за заштита на потрошувачите, за изменување на Законот за угостителска дејност, за изменување на Законот за градежните производи, за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите, за изменување на Законот за трговија...

Законодавно-правната комисија ќе одржи две седници. На првата ќе расправа по предлог законите кои се разгледуваат и на другите собраниски комисии, а на втората ќе го распрва по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година. 

18.10.2013 - 09:07

најчитано сега