Прв доказ за влијанието на смартфоните врз мозокот: Слично како и кај наркоманите

Зависноста од паметните телефони го менува обликот и големината на човечкиот мозок, на сличен начин како што тоа се случува кај корисниците на дрога, покажуваат новите истражувања.

Снимките направени со магнетна резонанца и мултислејсен скенер открија дека мозокот на луѓето кои се зависни од смартфоните имаат помала количина сива материја во некои клучни делови на мозокот.

Претходните истражувања покажуваа дека мобилните телефони некогаш ги доживуваме како дел од телото и оти 26 отсто од луѓето често го бараат мобилниот телефонот додека го држат во рака.

Снимките се направени за потребите на ново истражување, и откриваат намалена активност во мозокот кај зависниците од мобилните телфони во споредба со оние кои не се зависни.

Германски истражувачи за време на испитувањата споредиле снимки на 22 лица кои се зависни од паметни телефони со снимки на 26 лица кои немаат таков вид на зависност.

-Во споредбата со контролната група, поединци со зависност од паметен телефон покажуваат помал волумен на мозокот во деловите како што се левата предна инсула и некои делови на кортексот, велат истражувачите од Институтот Хајделберг.

Посочуваат дека ова е прв физички доказ на поврзаност на употребата на паметните телефони и физичката промена на мозокот.

Намалувањето на сивата материја во мозокот се поврзува со зависноста од бројни супстанци.

-Паметните телефони се во широка употреба, па оваа студија ја доведува во прашање нивната безопасност, особено кај поединците кои можат да бидат изложени на поголем ризик и развој на зависноста, се вели во истражувањето.

Зависноста од паметните телефони сѐ повеже ги загрижува научниците и медицинските лица, зашто особено децата сѐ повеќе време поминуваат на мобилните телефони.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега