Заев: 29 години СДСМ – 29 години државнички политики за татковината

Политчката партија на СДСМ денеска слави 29 години постоење, а по тој повод се огласи и претедателот на партијата Зоран Заев.

„29 години СДСМ! 29 години заедно со граѓаните! 29 години државнички политики, за татковината!

Од референдумот на 8 септември 1991, приемот во ООН, преку кандидатскиот статус за ЕУ, сѐ до полноправно членство во НАТО и започнување на преговори за членство во ЕУ. Тоа се стратешките процеси за оваа наша земја во кои токму СДСМ имал клучна улога.

Тоа се целите на кои почива нашата државничка политика.

Денес нема поголема чест и одговорност од тоа да си дел од партијата која е вклучена во сите важни историски процеси за граѓаните, за државата, за нејзината иднина. Затоа сме горди!

И сега, кога нашата држава е соочена со досега невиден здравствен предизвик со коронавирусот, токму нашиот СДСМ покажува како преку одговорни политики треба да се работи за граѓаните.

Заедно ќе го победиме и овој предизвик. Можеме!

Со верба во себе, со верба за сигурна иднина, продолжуваме да работиме посветено, одговорно и во интерес на сите граѓани, во интерес на татковината.
Среќен 29 роденден, мој, твој, наш, #СДСМ!“ напиша Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.04.2020 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега