Регулаторна одлучи: Бензините поскапуваат, цената на дизелот се намалува за половина денар

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1 денар за литар и ќе изнесува 50,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголеми за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 52,50 ден/лит, информира Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се намали за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 42,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 31,00 ден/лит, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,801 ден/кг и ќе изнесува 16,144 ден/кг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2020 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега