Пожарот кај Никуштак се уште беснее, се прошири кон скопскиот регион
Активен е пожарот во липковското село Никуштак, информираа денеска од ЦУК. Пожарот, вчера се прошири и кон скопскиот регион, зафатена е деградирана, нискостеблеста, но и дабова шума. И утрово на терен се екипи од „Национални шуми“.
- И во кумановскиот и во скопскиот дел од пожарот интервенираат екипи на „Македонски шуми“, екипи на ТППЕ од Скопје и доброволци организирани од општина Гази Баба. На терен сè со специјализирани возила. И денеска очекуваме поддршка од воздух, изјави заменик директорот на претпријатието, Кире Михаилов.
Вчера во Никуштак, покрај екипи на „Национални шуми“, пожарот го гасеа и два авиона и еден хеликоптер од воздух.
Кумановските пожарникари, вчера гаселе пожар во атар на село Оризаре, липковско, интервенирале и запалено стрниште во Опае. Пожарникарите од Старо Нагоричане интервенирале во Стрновац на опожарена ниска вегетација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа