Воспитувачка во градинка во Бтиола заразена со коронавирус - 13 деца пратени во самоизолација
Нов случај на позитивно лице на Ковид 19 во градинка во Битола, пренесува КУРИР. Се работи за воспитувачка од градинката „Коца Василева“ која е дел од установата за детски градинки „Мајски цвет“ од Битола.
Од министерството за здравство го потврдија случајот и рекоа дека позитивна е воспитувачка од истата градинка во која предходно имаше позитивен случај на воспитувачка.
Сега во домашна изолација и под здравствен надзор се ставени 13 дечиња и негователката од истата група.
Директорката на установата Снежана Тодоровска во изјава за Тера телевизија вели дека се работи за кластер надвор од градинката и дека од моментот кога по епидемилошка анкета имало сомнеж за контакт со позитивно лица, таа не се појавила на работа.
Директорката вели дека родителите биле известени, контактирале со нив и дека немало никаков проблем. Занималната е затворена и ќе се дезинфицира. Исто така додава дека групите во градинката меѓусебно немаат контакт.
Новиот случај во оваа градинка нема никаква врска со претходниот рече директорката Тодоровска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа