Интел лансира „Силвермонт“ микроархитектура со ниска потрошувачка и висок перформанс

Корпорацијата Интел ја прикажа новата микроархитектура „Силвермонт“ со висок перформанс и ниска потрошувачка. 

Технологијата е наменета за пазарот на смарт-телефони сé до центри за податоци кои имаат потреба од ниска потрошувачка. Силвермонт ќе биде основа за голем број инвентивни производи кои ќе се појават на пазарот кон крајот на годината и ќе се произведуваат со водечкиот производствен процес на 22 нанометарски три-портни системи на чип, кој значително го подобрува перформансот и ја зголемува енергетската ефикасност.

„Силвермонт е чекор напред кон нова технологија која во иднина ќе постави основа за нови производи на пазарите,“ изјави Дади Перлмутер, извршен потпретседател и директор за производи во Интел. „Раните тестирања на нашите 22 нанометарски системи на чип, вклучувајќи ги „BayTrail“ и „Avoton“ веќе добиваат позитивен одговор од потрошувачите. Во иднина ќе ги подобриме новите генерации со оваа микроархитектура со ниска потрошувачка.“

Микроархитектурата Силвермонт овозможува најголема ефикасност по ват. Дизајнот овозможува поголема поддршка за поголема динамичност и подобрувања во перформансот и енергетската ефикасност. Според неколку стандардни мерења, Силвермонт овозможува околу три пати подобар врвен перформанс или истиот перформанс за речиси пет пати помала потрошувачка за разлика од јадрото на Интел Атом процесорот.

 

Силвермонт: Нова генерација на микроархитектура

Микроархитектурата на Интел е дизајнирана и оптимизирана со 22 нанометарскиот процес користејќи ги 3-Д три-портните транзистори. Интел ја искористува оваа водечка технологија и со тоа овозможува подобар перформанс и пониска потрошувачка.

Други позитивни страни на оваа микроархитектура се: 

·        

Нова повеќејадрена архитектура која е скалабилна дури до осум јадра и која овозможува подобар перформанс за повисок проток на информации, помала латенција и поефикасна „out-of-order“ поддршка за побалансиран систем кој побрз и поренспонсивен систем.

·        

Перформансот ќе се подобри и со нови инпут-аутпут инструкции и технологии, исто и виртуелизација и безбедносни карактеристики за најразлични производи. Овие инструкции се само дополнување на постоечката поддршка на Интел за 64-битни системи.

·        

Зајакнатите карактеристики за управување со потрошувачката на енергија вклучуваат интелегентна „burst“ технологија и поголема динамичност во операциите што ги искористува 3-Д транзисторите. Технологијата на Интел BurstTechnology 2.0 која поддржува едно и повеќе јадра нуди побрз одговор на системот кое води до поголема енергетска ефикасност.

„Со дизајност и оптимизирачката технологија ги надминавме целите за Силвермонт,“ изјави Бели Кутана, главен архитект во Интел. „Ги искористуваме јаките страни на микроархитектурата и со помош на водечката технологија испоачуваме пакет кој нуди значително подобрен перформанс и пониска потрошувачка истовремено испорачувајќи повисоки фреквенции. Горди сме на ова достигнување и веруваме дека Силвермонт ќе понуди стабилна и флексибилна основа за најразлични, нови системи на чип.“

 

Архитектури за широк спектар на процесирање

Силвермонт ќе послужи како основа за 22 нанометарски производи кои треба да се појават на пазарот кон крајот на годината. Подобрувањата во перформансот по ват кај новата микроархитектура ќе направи голема разлика во перформансот и брзината на одговор кај уредите кои ќе ги користат овие производи.

Четиријадрениот систем на чип "BayTrail" е закажан да се појави кај таблетите ова лето и повеќе од двојно ќе го подобри перформансот при процесирање на сегашната генерација таблети со Интел процесори. Поради флексибилноста на Силвермонт, варијации на платформата „BayTrail“ ќе сe користат во сегменти на пазарот како лаптоп и десктоп компјутери во инвентивни форм фактори.

Merrifield“ е закажан да се испорача до корисниците до крајот на годината. Ќе го подобри перформансот и долготрајноста на батеријата за разлика од сегашната генерација на производи и поддржува лични услуги, брзи конекции за веб пренос, како и поголема заштита за податоците, уредите и приватноста.

Avoton“ ќе овозможи водечка енергетска ефикаснос и перформанс по ват за микросерверите, меморијата и работата на центрите за податоци. Ова е втората генерација Интел Атом системи на чип кои нудат серверски можности кои им се потребни на потрошувачите вклучувајќи 64-бита, корекција на грешки, виртуелизирачки технологии и софтверска компатибилност. „Rangeley“ е наменет за мрежната и комуникациска инфраструктура, особено за рутери, свичови и обезбедувачки уреди. Двата производи се закажани за втората половина на годинава.

Интел ги предводи откритијата со својата нова генерација на 22 нанометарска Хашверл микроархитектура за Интел Кор процесори за да овозможат целосен перформанс со пониска потрошувачка за инвентивните „2 во 1“ форм фактори и други мобилни уреди кои ќе бидат достапни во текот на годината. Исто така планираат да ја обноват линијата на Интел Ксеон процесори за центрите за податоци со 22 нанометарска технологија кои ќе имаат подобрен перформанс, како и многу други карактеристики.

„Со искористувањето на Силвермонт и Хашвел микроархитектурите, Интел е на добар пат да овозможи нови производи и искуства низ широкиот спектар на процесирање,“ изјави Перлмутер.