iPhone 5s и iPhone 5c од утре во продавниците на T-Mobile

Најновите модели од брендот iPhone ќе им бидат достапни и на македонските граѓани во продавниците на Т-мобиле.

„iPhone 5s ќе биде достапен за 1020 денари на 24 рати за моделот од 16ГБ за Т-Мобиле корисници и 1159 денари на 24 рати за нови корисници. iPhone 5cќе биде достапен за 742 денари на 24 рати за моделот од 16ГБ за Т-Мобиле корисници и за 880 денари на 24 рати за нови корисници", велат од т-мобиле.

iPhone 5s го редефинира најдоброто смартфон искуство на светот со неверојатни нови функционалности сите спакувани во извонредно тенок и лесен дизајн, вклучувајќи А7 64-битен чип на Аппле, најнова iSight камера од 8 мегапиксели со True Tone блиц и со Touch ID како новитет, иновативен начин за едноставно и безбедно да го отклучите вашиот телефон со само еден допир на прстот. iPhone 5c се карактеризира со најнов дизајн, којшто ги содржи функционалностите кои луѓето ги знаат и ги сакаат, како на пример прекрасниот 4 инчен Ретина дисплеј, фантастично брзите перформанси на А6 чипот и iSight камерата од 8 мегапиксели – и сѐ тоа поддржано од извонредно издржлива батерија. И iPhoneе 5s и iPhone 5c нудат повеќе ЛТЕ опсези од кој било друг паметен телефон во светот и вклучуваат најнови Face time HD камери.

iPhone 5s и iPhone 5c содржат iOS 7, најзначителната надградба на iOS од оригиналниот iPhone, вклучувајќи фантастичен нов кориснички интерфејс, целосно редизајниран со елегантна палета на бои, јасни, функционални слоеви и суптилно движење што го прави пожив. iOS 7 содржи стотици одлични нови функционалности, вклучувајќи Контролен центар, Центар за известувања, подобрен Multitasking, AirDrop, одобрени фотографии, Сафари, Сири и iTunes Радио, бесплатна интернет радио услуга базирана на музиката што ја слушате на iTunes.

31.10.2013 - 14:28

најчитано сега