СДСМ: Со рушењето на галијата го чистиме ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ - нема веќе стиропор и гипс

Рушењето на Галијата изведено согласно сите правни услови е чистење на остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ што зад себе го остави во главниот град по 27 години владеење - велат од СДСМ.
„Се понервозни се во ВМРО-ДПМНЕ онака како што наближуваат изборите. Знаат дека се се поблиску до нов изборен пораз па затоа секојдневно ги засилуваат лажните вести, конструкциите и празните закани кон градоначалникот Петре Шилегов.
ВМРО-ДПМНЕ го запусти Скопје трошејќи стотици милиони евра на барок, гипс фасади, галии, споменици и палми додека цели населби беа без основни услови за живот.
Денес во Град Скопје се инвестира рамномерно, се следат и реализираат потребите и барањата на граѓаните. Затоа Шилегов и СДСМ се убедливи фаворити и извесни победници на локалните избори.“ - велат од СДСМ
18.09.2021 - 18:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа