Костовски: Службите се на терен, се чисти снегот во Љубанци, Љуботен и населбата Радишани

 

Општина Бутел заедно со Град Скопје навремено и со брза реакција го дочекаа првиот овогодишен снег, напиша на својот фејсбук-профил градоначалникот Костовски.

Службите се на терен и почнаа со расчистување на првите наноси на снег. Во моментот се чистат критичните точки во општина Бутел, село Љубанци и село Љуботен, како и населба Радишани првиот, вториот и третиот влез.

Се чистат и главните улици и булевари кои се под ингеренција на Град Скопје.

10.01.2022 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега