Демократски сојуз: Уставниот суд ќе расправа за изборниот законик

 

Утре (5 јули 2023), Уставниот суд ќе ја разгледува иницијативата на Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, во врска со Изборниот законик со кој се фаворизираат четири партии и не се обезбедени услови за рамноправен политички натпревар, велат од ДС.

„Со иницијативата се бара укинување на законски решенија со кои на две партии од власта и две партии од опозицијата им се обезбедува 90% од медиумскиот простор, финансирање на изборна кампања, простор за реклама, како и во целина финансирањето на партиите преку партиски институти итн.

Со овој закон се загризува политичкиот плурализам, што е спротивно на Уставот и воопшто на демократските правила за демократски и фер избори.

Седницата ќе започне во 9:30 часот, во просториите на Уставниот суд“, стои во соопштението на ДС испратено до медиумите.
04.07.2023 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега