Арсовска ја презема Нова Алтернатива
Со едногласна одлука на сите делегати на политичката партија Нова алтернатива, актуелната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска вечерва беше избрана за нов претседател на оваа политичка партија.
Арсовски по нејзиното избирање за претседател на партијата истакна дека време е политиката да биде натпревар на идеи, проекти, методи и понуда со подобар живот.
-Наспроти досегашното поимање на истата како начин на стекнување на привилегии на побрзо збогатување. Политиката не смее да биде извор на раздор, на поделби. Таа треба да биде точка на зближување и мост за надминување на сите проблеми преку дијалог, рече таа.
Арсовска информира дека партијата Нова Алтернатива ќе има четири постулати врз кои ќе се заснова - правдата, ослободување на економијата од стегите на крупниот капитал и воведување на еднакви можности, борбата со корупцијата и криминалот и целосна дигитализација на јавната администрација. Таа соопшти дека веќе од наредната недела ќе ги почнат активностите на партијата околу изборот на органите и програмата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа