Иванов денеска во посета на Валандово

Денеска, македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе престојува во работна посета на Општина Валандово.

По средбата со градоначалникот и со претставниците на локалната власт, Иванов ќе ја посети гимназијата „Гоце Делчев“.

Во рамки на посетата е предвидена средба и со бизнисмени од овој регион на која ќе присуствуваат и претставници на Турската агенција за координација и соработка (ТИКА).

Посетата на Општина Валандово ќе биде заокружена со посета на селото Дедели.

најчитано сега