Фановите на Ријана и се закануваат на новата девојка на Крис Браун

Новата девојка на поранешното момче Крис Браун на пејачката Ријана вели дека се плашела да излезе од дома без телохранител. На своите најблиски пријатели им кажала дека Ријана имала луди фанови, кои и се заканувале дека ќе ја убијат затоа што излегувала со поранешното момче на славната пејачка.

Еден од фановите на Ријана, пак дури монтирал фотографија од кутија за колачи од ориз. Фотографијата ја ставил на социјалните мрежи, пропратена со погрдни зборови. Навредите се однесувале на потеклото на девојката, која е од Виетнам.

На ова пејачката рекла дека нејзините фанови сигурно со оваа фотографија сакале да се пошегуваат за нешто друго, а не за новата девојка на Крис Браун.

На оваа случка неколку списанија во Америка објавиле статија дека со оваа случка се праќа пораката - „Девојки, никогаш не излегувајте со Крис Браун“

20.01.2014 - 13:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега