Џенифер Лопез и Питбул ќе го отворат светското првенство во Бразил

На овогодишното Светско првенство во фудбал  што ќе се одржи во Бразил американските музички ѕвезди Џенифер Лопез и Питбул и бразилската пејачка Клаудија Леит ќе ги здружат силите за изведба на службената химна „We Are One“,.

Тука сме да ги урнеме границите и да покажеме дека спортот и музиката се едно, вели Питбул.

Леит од своја страна нагласи дека песната ќе ја покаже љубовта на Бразил кон „музичкиот и спортски ритам“.

Музиката е мојата страст, а фудбалот е страст на Бразилците. Сакавме да ја покажеме страстната култура на нацијата. Моментално ја завршуваме песната, додаде Леит. 

24.01.2014 - 16:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега