Лотарија од 72 милиони евра во рацете на Французин

Француската лотарија ФДЈ соопшти дека  добитник на главната премија од над 72 милион евра на европската лотарија „Евро Милиони“ е Французин.

Среќниот Французин добил вкупно 72.149.679 евра и има рок од 60 дена да ја подигне наградата. Ова е вторпат во текот на овој месец главната премија на оваа европско лото да се падне во Франција.

Лотото „Евро Милиони“ започна во 2004 година и тоа се игра во девет европски земји - Австрија, Белгија, Велика Британија, Ирска, Луксембирг, Португалија, Франција, Швајцарија и Шпанија.

Рекордната добивака на оваа лотарија од 190 милион евра ја освои брачна двојка од Велика Британија во август 2012 година.

01.02.2014 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега