Преточете ги идеите во бизнис план - субвенции за реализација на бизнис идеи на младите

Министерот за економија, Ваљон Сарачини, денеска пред студентите и раководството на Универзитетот на ЈИЕ во Скопје, говореше за можностите  од Програмата за поддршка на претпримништвото со која  се  одвоени 6,8 милиони денари.

- Повеќето млади во Македонија по дипломирањето првото работно место го гледаат во јавната администрација, а само десеттина проценти се обидуваат да почнат свој бизнис. Таквата состојба може да се промени доколку младите своите идеи ги преточат во добар бизнис план и со субвенции од државата од 5.000 евра почнат бизнис, истакна министерот пред присутните.

Сарачини потенцираше дека се работи за пакет мерки наменети за директна поддршка на студентите и младите кои ќе изготват добар бизнис план, а од Комисијата формирана за таа намена најдобрите ќе добијат по 5.000 евра за почнување бизнис. Затоа, доколку младите имаат добра бизнис идеја со субвенцијата во износ од 310.000 денари можат да почнат работа и да отворат нови работни места.

- Доколку се прашувате дали овие средства се доволни ќе ве упатам на податокот дека во САД 85 отсто од најуспешните компании почнале да работат со помалку од 5.000 евра, посочи министерот за економија.

Инаку, рокот за аплицирање е до 25 овој месец. Министерот очекува поголема заинтересираност во споредба со минатата година.

06.02.2014 - 14:27
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега