Facebook ја гасне електронската пошта

Фејсбук конечно одлучи да го згасне својот меил, кој иако е промовиран пред три години, никогаш не заживеа. Корисниците веќе добиваат известување дека меиловите ќе им ги прати на нивната @facebook.com адреса наскоро ќе бидат проследени на нивната примарна адреса, која ја оставиле на својот профил.

Фејсбук признава дека од услугата се откажува затоа што повеќето не го користеле, а се чини и дека преземањето на WhatsApp позитивно влијаеше на оваа одлука.

Услугата на фејсбук меил е претставена во октомври 2010 година, со цел на едно место да се интегрираат меиловите и пораките на Фејсбук. Две години подоцна Фејсбук сите меилови на корисниците ги замени со @facebook.com адреса, освен ако корисниците не го одбраа спротивното.

26.02.2014 - 00:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега