Среќни коцки им донесоа 100.000 денари на скопјанка и охриѓанец

 По испорачаниот прв милион денари во Инстант лотарија Среќни коцки, уште две убави добивки во оваа игра израдуваа  среќни играчи. Задоволството од играње  на друштевната игра јамб во облик на Интстант лотаријата Среќни коцки  го почуствуваа дамата од Скопје, Петровска Мирјана и играч од Охрид кој сакаше да остане анонимен. И обајцата  преку Среќни коцки стасаа до добивката вредна 100 илјади денари.

 

 Мирјана е редовен игач на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, а  ова е и прва поголема добивка. Својот среќен инстан лоз Среќни коцки го купила во продажното место Толлакс Бисер во Скопје.

 

 И добитникот од Охрид е страсен играч на игрите на среќа. Својот лоз кој му ја донесе добивката од 100.000,00 денари,  го купил од продажното место Владија во Охрид.

 

 Само за потсетување првиот милион во оваа инстант игра на среќа на Државна лотарија на Македонија е освоен овој месец, поточно на 15ти февруари. Среќната грепка е купена во продажното место Бартон во Тетово. Она што е интересно е дека оваа добивка ја поделија тројца другари кои воедно биле и колеги на работа.

 

  Државна лотарија на Македонија неодамна ја лансираше и оваа игра на среќа во Инстант лотариите, СРЕЌНИ КОЦКИ. Под мотото СВРТИ ЈАМБ ЗА МИЛИОН, оваа игра им овозможува на играчите одлична можност за забава во комбинација со можноста да освоите добивка која веднаш може да си ја однесете дома. 

 

 Добитните комбинации во нашата најнова игра на среќа, Инстант лотаријата СРЕЌНИ КОЦКИ, се како во играта ЈАМБ.  Учесникот го дознава резултатот од играта кога ќе го изгребе заштитниот слој и открие пет коцки. Лозот е добитен, ако коцките под заштитниот слој прикажуваат една од добитните комбинации кои се наоѓаат на задната страна на самиот лоз. Доколку на лозот не е откриена правилна комбинација, тогаш тој лоз не е добитен. Правилата на оваа инстант игра ќе бидат особено блиски на  љубителите на играта јамб,  практично принципот на играње е  скоро идентичен со оваа популарна друштвена игра,Инстант лозот СРЕЌНИ КОЦКИ носи само парични премии од кои дури 5 премии од 1 милион денари, 10 по 100 илјади денари,  100 по 10 илјади денари и голем број други помали парични добивки.

 

 

 

27.02.2014 - 15:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега