Македонско-бугарската стопанска комора и Скопскиот плански регион ќе ја официјализираат соработката

Советот за развој на Скопскиот плански регион денеска ќе ја одржи својата петта редовна седница и ќе потпише Меморандум за соработка со Македонско – бугарската стопанска комора со цел иницирање на заеднички активности и воспоставување на соработка за унапредување на економскиот развој.

Според најавите, на седницата ќе присуствуваат градоначалниците од Скопскиот плански регион,  амбасадорот на Бугарија Иван Петков, Димитар Салов, трговско аташе на Амбасадата на Бугарија, министерот за локална самоуправа Тахир Хани, заменик-министерот за животна средина Стево Темелковски, како и бизнисмени-членови на Македонско-бугарската стопанска комора.

На седницата ќе се избере и претседател на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Скопскиот плански регион.

28.02.2014 - 08:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега