Исплатени 109,5 милиони денари субвенции на 6.986 земјоделци

Министерството за финансии исплати 109,5 милиони денари субвенции на 6.986 земјоделци по повеќе основи.

За полјоделски култури исплатени се 18,6 милиони денари на 1.527 полјоделци, додека за градинарско производство на отворено и во пластеници исплатени се 7 милиони денари на 489 градинари. Субвенцијата по оваа мерка изнесува од 6.000 до 25.000 денари по хектар.

 

На 419 овоштари исплатени се 9,3 милиони денари за одржување постоечки овошни насади, а за одржување постоечки лозови насади исплатени се 10,3 милиони денари на 465 лозари. Финансиската поддршка која ја добиваат лозарите за оваа мерка изнесува 40 илјади денари по хектар.

 

На вкупно 1.953 сточари исплатени им се субвенции во износ од 33,4 милиони денари за одгледување говеда, при што субвенцијата изнесува 2.800 денари по грло.

 

Исплатени се и 6,3 милиони денари субвенции на 569 сточари за одгледување маторици, при што субвенцијата изнесува 1.000 денари по грло.

 

По 1.000 денари од грло, или вкупно 5,1 милиони денари, добија и 262 сточари за одгледување кози.

 

Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

01.03.2014 - 10:06
Фото: 
точка

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега