Квотата за увоз на пченица ќе трае цела година

Квотата од Светската трговска организација за увоз на пченица, наместо шест месеци ќе трае цела година. Ова е едно од усвоените барања на мелничарите по работната средба во  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што информира Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, предвидената квота од 80.000 тони е доволна, но преработувачите предложија увозот да почне по жетвата, од средината на јули, и да трае цела година, не само во првите шест месеци.

 

Министерството го прифати и барањето на Групацијата за намалување на димензијата на контролните маркици од брашното тип Б. Ќе биде намалена и цената, а точниот износ ќе се знае во мај годинава кога ќе биде распишан новиот тендер.

 

 

01.03.2014 - 11:01
Фото: 
засе

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега