Пешевски и Фида во лов на нови инвестиции во САД

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски заедно со директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, од денеска престојуваво САД каде во шест градови ќе ги презентираат можностите и поволностите за инвестирање во Република Македонија.

Филаделфија е првата дестинација на македонската делегација, каде ќе бидат остварени средби со највисокиот врв на неколку глобални компании од областа на производството на кондиторски производи, фармацијата и медицинските помагала, а потоа следуваат Питсбург, Јангстаун, Акрон, Синсинати и Луисвил.

- Директните средби имаат за цел да им овозможат на претставниците на компаниите директно и детално да се запознаат со инвестициските можности и предности кои ги нуди Република Македонија, а на македонската делегација да се запознае со нивните планови за идни активности и инвестиции во Европа, стои во соопштението.

Во состав на делегацијата се амбасадорот на Република Македонија во САД Зоран Јолевски и економскиот промотор на Македонија во САД Дејан Величков.

 

03.03.2014 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега