Бесен кумановчанец си ги нападнал сопругата и синот со секира

57 годишниот кумановчанец П.Д. си заработи кривична пријава, откако на 8. мај со секира го нападнал своето семејство.

Од МВР информираат дека П.Д., утрото на 8. мај, по вербална расправија во семејната куќа, со дрвен предмет физички ја нападнал својата сопругата С.Д. Жената некако успеала да му избега на гневниот сопруг, но, тогаш тој зел секира и го нападнал нивниот син.

За среќа ниту мајката ниту синот не заработиле сериозни повреди.

 

најчитано сега